Виничанец го пријавил својот син за дилање марихуана

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. (16) од Виница, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекусори“.

На 16 септември , во поициската станица во  Виница дошол  Т.С. заедно со неговиот син В.С. и на полициските службеници им предал наркотична дрога, што ја пронашол и одзел од неговиот син. Исто така, на негово барање извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени 12 семки „канабис сатива“, а по извршено вештачење на донесената дрога е утврдено дека се работи за 75 грама наракотична дрога марихуана.