„Виноскоп“ годинава пред СЦ „Борис Трајковски“

„Виноскоп“ годинава пред СЦ „Борис Трајковски“
„Виноскоп“ годинава пред СЦ „Борис Трајковски“

Од 30 септември до 4 октомври, на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, годинава по девети пат ќе се одржи „Виноскоп“, манифестација чиј поровител е Градот Скопје.

Годинава од 30-ти септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал-Вино Скоп 2015, во организација на Град Скопје и организацијата „Темов“. На фестивалот е потврдено  учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови, кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино. Целта на манифестацијата што ја организираме е промоција на нашите винарии коишто прозведуваат квалитетни вина што се познати и надвор од нашата држава. Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат и да уживаат во прекрасните вина и добрата музика на Вино Скоп 2015, истакна Трајановски.

Vinoskop (1)

Тина Мицковска, од оргнизацијата „Темов“, најави дека како и претходните години на фестивалот најзастапени ќе бидат домашните изведувачи и посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма исполнета со: шлагери, рок, популарна музика, преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба,труба…

Годинава за да биде што повесело на Вино Скоп ќе се погрижат: Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Бојан Маровиќ,Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ ( Бајага и Инструктори) и други. 

programa

Поради тоа што фестивалот од година в година има се поголем број посетители, а плоштадите се во изградба, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на паркингот кај Аква парк  каде што има голем простор со капацитет за повеќе посетители, како и паркинг места, изјави Фимка Шопова од организација „Темов“. 

За реализација на овој фестивал на виното -Вино Скоп 2015, Градот Скопје од Буџетот издвои 500.000 денари, а  традиционално го организира „Темов“.