
Владата овозможила да им се најдат дополнителни приходи и функции на членовите од претходниот состав на Државната изборна комисија.
Во меѓувреме на Виолета Дума, која понуди оставка па беше разрешена поради високите бинуси кои си ги доделувале, добива 40.000 денари како советник на премиерот Зоран Заев за правосудство како поранешна судијка, потврдиле од Владата за Макфакс. Нејзината задача била активно да учествува во реформите со свои мислења и анализи.
Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем, со договор во времетраење од 20.7.2018 до 20.7.2019 година. Износот на месечни примања за нејзиниот ангажман изнесува 40.000 денари, велат од Владата.
Од преостанатите членови, познато е дека Субхи Јакупи е избран за виш управен судија, а Игор Милев доби функција да му биде советник на директорот на Царинската управа.