Виолина од XVIII век која ја изработил прославениот италијански мајстор на жичени музички инструменти Антонио Страдивари (Страдивариус) во текот на неговата „златна ера“ ќе биде понудена на наддавање во февруари а вредноста ѝ е проценета на рекордни 18 милиони американски долари.
Музичката академија New England Conservatory (NEC) ка нуди на продажба виолината наречена „Joachim-Ma Stradivarius“ од што приходите ќе бидат наменети за студентски стипендии, исполнувајќи ја желбата на Си-Хон Ма, музичар и дипломец на NEC кој на оваа институција ѝ ја донирал виолината.
Наддавањето ќе се одржи на 7-ми февруари во Њујорк а ќе го спроведе аукциската Sotheby’s во рамките на нејзината седмица на аукции на делата на старите мајстори.
„’Стра’ е веќе одредено име за виолина… како своевиден Пикасо во светот на виолините. Ја проценуваме виолината во опсегот од 12 до 18 милиони долари, што се совпаѓа во рекордната цена што е постигната за ‘Страд’“, изјавила за Reuters Хелена Њумен, претседателка на европската филијала на Sotheby’s во Лондон кае што виолината е јавно изложена од денеска.
Инструментот, исто така, пред наддавањето ќе биде изложен и во Хонгконг и во Њујорк.
Виолините на Страдивари, кои се продаваат за милиони долари, познати се по нивната исклучителна изработка, а најбарани се инструментите од неговиот „златен период“ , меѓу 1700 и 1720-те години. Неговата виолина наречена „ Lady Blunt“ од 1721 година во 2011 година беше продадена за рекордните 15,9 милиони долари.
Пред Ма, сега понудената виолина била во сопственост на виолинистот Јозеф Јоаким, коj живеел во XIX век. Бил близок соработник на славниот композитор Јоханес Брамс и „речиси сигурно“ настапувал на овој инструмент наречен „ Joachim-Ma Stradivarius“ на праизведбата на „Виолинискиот концерт во Д-дур, опус 77“ на Брамс во 1879 година, пишува во понудата Sotheby’s.