Четири дена пред првиот натпревар на Европското првенство во Германија, голем број членови на француската фудбалска репрезентација се зафатени од вирусот, објавија во четвртокот француските медиуми.
Тренерот Дидие Дешан е меѓу заболените, а Кингсли Коман е играчот кој е во најтешка состојба. Повеќето страдале од инфекции на горните дишни патишта, а неколку се бореле со грчеви и главоболки.
Коман го пропушти заедничкиот тренинг во четвртокот и се чини дека е во најлоша состојба. На почетокот на тренингот отсуствуваше и капитенот Килијан Мбапе, но новиот играч на Реал Мадрид подоцна излезе на теренот, но не им се придружи на соиграчите. Од францускиот табор не открија зошто Мбапе го пропушти првиот јавен тренинг на репрезентацијата на стадионот во Падерборн.
„Ми се чини дека ситуацијата е подобрена и дека сме во многу подобра состојба. Во вторникот имав висока температура. Можеби сè започна од мене“, рече на прес-конференцијата Усман Дембеле и додаде: „Сега е подобро, целиот тим е подобар, освен Коман, кој е малку поболен“.
Франција ќе игра против Австрија на 17 јуни (21 ч.) во Диселдорф. Четири дена подоцна во Лајпциг ќе се сретне со Холандија, а групната фаза ќе ја заврши на 25 јуни со мечот против Полска во Дортмунд.