![vr tumour](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/vr-tumour.jpg?resize=624%2C351&ssl=1)
Научниците од унуверзитетот Кембриџ изградиле виртуелен 3Д модел на туморот, давајќи така нов начин на гледање на ова заболување коешто ќе го подобри сфаќањето на ракот и помош во терапијата во трагањето по нови начини на лекување, пренесува во средата BBC.
Примерок од тумор, земен од пациент, може детално да се прегледа од сите страни и секој поединечна клетка може да се мапира. Системот на виртуелна стварност (VR) овозможува прегледување на туморот од поголем број корисници каде и да е во светот.
Директорот на истражувачкиот центар за рак при универзитетот Кембирџ (CRUK, професорот Грег Ханон, вели „Никој никогаш претходно не ја прегледал структурата на туморот толку детално, ова е нов начин на поглед на ракот“.
Во виртуелната лабораторија, професорот Ханон и новинарот на BBC станале предводници во виртуелната стварност, а ракот бил прикажан како маса меурчиња во повеќе бои. Иако примерокот од човечкото ткиво бил со големина на значка, во виртуелната лабораторија можел да биде зголемен до големина од неколку метри. Виртуелниот тумор кој го претставиле бил изваден од млечните канали на една жена.
За да го истражат туморот до најситните детали, системот за виртуелната стварност овозможил „лет низ клетките“. Како професорот го вртел моделот, издвоил група клетки кои ја напуштале структурата: „Тука можете да видите како некои клетки на туморот побегнале од каналот за млеко“, „Тоа е можеби моментот кога ракот се шири на околното ткиво и станува многу опасен. Со прегледот на туморот во 3Д ни овозможува да го фатиме овој момент“, рекол професорот.
Главната научничка во институтот CRUK, професорката Карен Вусден, ја води лабораторијата во институтот „Френсис Крик“ во Лондон кој ги истражува специфичните гени кои нѐ штитат од ракот и што се случува кога работите тргнуваат во лош правец. „Со сфаќањето како клетките на ракот делуваат заемно и врз здравото ткиво, е многу важно доколку сакаме да развиваме нови теории. Гледајќи на туморите со помош на овој нов систем, многу е многу подинамично од статичната 2Д верзијата на којашто сме навикнати“, вели Вусден за BBC.
Scientists in Cambridge build virtual reality model of cancer as new way to study disease. https://t.co/PnuuYqKxgX pic.twitter.com/xX4ByoFzzw
— Fergus Walsh (@BBCFergusWalsh) December 26, 2018