![bolnica gevgelija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/bolnica-gevgelija.jpg?resize=505%2C357&ssl=1)
Обична вирусна инфекција е утврдена по деталните анализи кај децата од Гевгелија кои појавија респираторни заболувања, истакна во саботата министерот за здравство Венко Филипче.
„Сакавме да потврдиме, односно да исклучиме е дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали евентуално имаат антитела, односно дали изминатава година го поминале ковидот, асипмтоматски, тоа не е случај, ниту едно дете нема антитела за прележан на ковид“, истакна Филипче.
Покрај Гевгелија, појава на слични респираторни заболувања кај децата има и во Скопје, кои што се регистрирани во детската клиника во Козле, информираше министерот, кој што лоцираше на што се должи тоа што десетици деца наеднаш пројавија вакви симптоми.