Седумдесет и петгодишен државјанин на Оман, кој заминал на лекување во Тајланд е заболен од смртоносниот вирус МЕРС.
Веднаш по потврдувањето на дијагнозата, дека пациентот е заразен со вирусот МЕРС, кај нас познат и како Нилска треска, изолирани се 59 лица од аеродромот и хотелот во Бангкок, кои имале подиректен контакт со заболениот.
Веста за појавата на првиот случај на заболен со смртоносниот вирус вон Јужна Кореја значително го зголеми стравот на населението во овој дел на светот. За инфицираните од вирусот МЕРС се уште нема лек, а таа е опасна и за целосно здравите луѓе.
Болеста, од Саудска Арабија во Јужна Кореја е пренесена минатиот месец, а до утрово од неа во оваа источноазиска држава починаа 24 лица. Вкупно се инфицирани 166 лица, а во карантин се уште има над 5.500 жители на Сеул и поблиските градови.