Вирусот Заев смртоносен за опозицијата

Од приложеното, и правниците, но и јавноста, главно, се интересира да дознае зошто „Титаник“ исплови од нејзината канцеларија правно неподготвен, а политички обоен? Како делата против изборите добија приоритет пред предметот за прислушувањето каде што требаше да се открие кој стои зад аферата? Кој ќе одговара за незаконското приведување на Едмонд Темелко? На што се должи нејзиниот интерес за предметите против таткото и синот Верушевски и покрај тоа што не се во нејзина надлежност? Ќе треба да даде сериозно правно објаснување како може да бара ослободување од притвор за прислушувачот, а за прислушуваните да бара да завршат зад решетки? Интересно ќе биде да слушнеме и како се најдоа дополнителните 400.000 разговори во кутиите на Заев што ѝ ги предаде како подарок за Нова година? Дедо Мраз задоцни со испораката на вториот дел или еден милион и педесет илјади разговори собра во еден тврд диск? Не помалку важно за јавноста би било да дознае како се подигнува кредит на име на починат сопруг и зошто дава невистинити искази за имотната состојба.

Специјалната имаше шанса да стане адмирал, но ја испушти кога го предаде кормилото на бомбаш-самоубиецот. Сега нема сомнение дека бродот ќе заврши на дното. Прашањето е кој ќе потоне со него, а кој ќе успее да се спаси?

Со потопот на „Титаник“ уште еднаш на површина излезе и вистинското лице на Соросовите медиумски перјаници. Повторно, како во Диво Насеље, опозициските портали беа преплавени со лажни вести и информации, кои без никаков срам продолжија да ги споделуваат дури и откако стана очигледно дека не се точни. „Професионалците“ се претворија во еуфорични мршојадци, кои се натпреваруваа кој побрзо ќе ја засити потребата на нивниот лидер за човечко месо. Без срам, без морал, без одговорност.

Но, во колективното глумење лудило во кое, очигледно, ужива целата спрега, има еден непријатен момент за нив – за вирусот Заев е подготвен смртоносен антивирус, кој се вика народ. Вакцинацијата е задолжителна и нема бегање од тоа.

Ненад Мирчевски за Република