Компаниите за картички Visa и Mastercard планираат да ги зголемат надоместоците што трговците ги плаќаат за прифаќање трансакции за плаќање, објави во средата Wall Street Journal.
Таксите треба да се зголемат во октомври и април, пишува WSJ, повикувајќи се на информирани извори и документи во кои имал увид. Многу од зголемувањата се однесуваат на онлајн купувањето, забележува американскиот деловен весник.
Visa и Mastercard не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар за извештајот.
Трговците плаќаат провизија на банките што издаваат картички за секоја трансакција, а нејзиното зголемување обично се пренесува на клиентите, предупредија еднаш регулаторите.