Реформите во Европската унија се незамисливи без учеството на земјите од централна Европа, изјави во петокот во Братислава полски високиот должник по средбата на шефовите на влади во регионот со претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.
Премиерите на Вишеградската група (V4), на Унгарија, Виктор Орбан, на Полска Беата Сијарто, на Словачка Роберт Фицо и на Чешка Бухослав Соботка, го повикаа поранешниот полски премиер актуелен претседател на Европскиот совет да го гарантира слободното и рамноправно учество на сите членки на Европската унија во дебатата за иднината на Унијата, изјави заменикот на полскиот министер за надворешни работи Конрад Шимански.
„Реформата на Унијата без Варшава, Братислава, Прага и Будимпешта е незамислива“, изјави вториот човек на полската дипломатија.
Роберт Фицо, премиер на Словачка којашто е членка на еврозоната за разлика од другите три земји од Вишеградската група, изјави дека не би требало различно да се третираат земјите членки на ЕУ, како и дека и тие кои не се во зоната на единствената валута би требало да учествуваат во расправата.
На заедничката прес-конференција, Фицо исто така нагласи дека четирите земји од централна Европа сакаат да ја сочуваат „рамнотежата меѓу европските институции и позициите на националните парламенти“.
Неговиот чешки голега Бохуслав Соботка, пак, се заложи за враќање на Шенгенската зона којашто добро фунцционира.
„Нема никаква причина за затворање на внатрешните граници и дигањето рампи за слободното движење на нашите граѓани во рамките на ЕУ, изјави шефот на чешката влада.
Неговата изјава се однесува на инсистирањето на неколкуте западни членки на ЕУ, предводени од Франција и Германија, кои се залагаат за измена на сегашните правила на шенгенската зона, бодејќи ја сметаат за застарена поради постојаната терористичка закана.