![Boskovska dic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Boskovska-dic.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Тоа што го заклучивме во деновите на штрајкот е дека тој што работи многу во оваа држава воопшто не е ценет, тоа што го увидовме е дека вицепремиерот и министерите за финансии и за образование како низ напамет научени текстови нудат исти неприфатливи решенија. Нашиот штрајк продолжува, рече претседателката на синдикалната организација на Државниот испитен центар, Емилија Бошковска. Таа нагласи дека за 30-те вработени државата не може да најде малку пари за да ги покачи непристојно ниските плати, а веднаш, како што нагласи, најде начин со ребаланс да овозможи примање на функционерските плати зголемени за дури 78 отсто. Државната матура е во неизвесност.
„Трагично е но вистинито дека власта дозволува професионалците да си одат од институциите и е трагично што власта им дава негативен пример на младите. Како да веруваат младите дека државата нуди фер работа и фер однос, кога цврсто го трасира патот сè помалку професионалци да останат во земајва? Што добивме од последната средба?„Од вицепремиерот Фатмир Битиќи добивме идентичен, како напамет научен текст на предлози, ист како од министерот за финансии и од министерот за образование. Ни нудат да добиваме К-15 кои пари законски ни следуваат, а досега незаконски не ги добиваме и за штго имаме поднесено пиостапка, а веројатно ќе има и приватни тужби против државата. Ни понудија линеарно покачување на платите за 2.000 денари, што би добиле половина од вработените, иако се бара различно покачување за различни позиции. Практично нашиот колетктивен дговор го прогласуваат за ништовен. Власта најде начини со ребаланс да го овозможи добивањето на покачување од 78 отсто на нивните функционерски плати, а не можат да создадат мал ребаланс за овие 30 вработени во Држаниот испитен центар“, рече Бошковска.
Таа додаде дека ентузијазмот на вработените е на нула. Како понатаму ќе дејствуваат рече, засега ќе остане непознато, затоа што нема да се даваат понатаму изјави.
„Јавноста со свои изјави нека ја информираат надлежните, Министерството за финансии нека ви дава одговори на ваши прашања поврзани со барањата за покачување на платите кои ни се ниски, минимални“; им рече Бошковска на новинарите и додаде дека таа, и вработените зад неа, за државата очигледно се небитни.
„Сфативме дека ние повеќе се грижиме за учениците отколку власта, затоа што нудевме решенија, баравме средби, ветувавме дека ќе ја завршиме работата, но ниту ни нудеа плата, ниту прифатливи решенија, ниту пак не повикуваа на средба, па заклучивме дека нив и не им е толку важна ниту матурата на учениците, ниту образованието во целост“, додаде Бошковска и пак нагласи дека вработените не барале 30 отсто покачување какво што добија вработените во Министерството за финансии, ниту 78 отсто какво што покачување добија функционерите,.туку пристојни плати согласно на нивната работа.
„Власта прифаќа дека имаме ниски плати, но смета дека покачување од 23 отсто ќе биде многу за буџетот на државата! А не е многу оптоварен буџетот со нивните плати? Ние бараме нешто што законски ни припаѓа, затоа ова ни е последно обраќање“, рече Бошковска.