![stjuart pic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/stjuart-pic.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Британскиот премир Борис Џонсон го именуваше за специјален претставник на неговата влада за западен Балкан сер Стјуарт Пич, висок воен офицер и поранашен началник на Генералштабот на воорижените сили на Обединетото Кралство.
Како што соопшти во четвртокот британското министерстово за надворешни работи, ова именување е доказ за „континуираната британска посветеност на стабилноста и напредокот на регионот“, а во Лондон очекуваат дека новиот претставник во тоа ќе учсествува соработувајќи со политичките лидер од западен Блакан, како и со сојузниците во САД и Европа.
Сер Стјуарт Пич е маршал на британското воено воздухопловство, а претходно годинава му заврши мандатот на претседател на Воениот комитет на НАТО.
Велика Британија досега немаше специјален претставник за западен Балкан, каде што мирот и стабилноста во моментов се под заканата од најтешката политичка криза во Босна и Херцеговина од потпишувањето на Дејтонскиот договор, како и од нерешените односи меѓу Белград и Приштина.
Покрај ангажманот на јакнењето на мирот и стабилноста на западен Балкан, како што е наведено во соопштението на британската дипломатија, Пич има задача да го ромовира јакнењето на демократските институции и отвореното општество, да помага во соочувањето со организираниот криминал и другите заеднички безбедносни предизвици, како и да ги поттикнува решавањето на проблемите како што се воените злосторства и исчезнатите.
Во случајот на БиХ, како што се истакнува, новиот специјален претставник има и задача да ја поддржи работата на високиот претставник на меѓународната заедница во оваа земја Крстијан Шмид, чиј мандат не е потврден од Русија и Кина како членки на Советот за безбедност при ОН со право на вето. Во соопштението директно се истакнува дека спомнатиот германски дипломат ја има целосната поддршка на Обединетито Кралство, што е очигледна алузија на оспорувањето на неговиот мандат и авторитет од страна на челникот на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик кој ја има поддршка од Москва и Пекинг. Притоа Лондон потсетуваат на предупредувањето на Шмид дека опстанокот на БиХ сега е пред најголемата закана и дека постои опасност од продлабочување на судирот во земјата.
„Обединетото Кралство длабоко е предадено на европската безбедност. Западен Балкан е соочен со најголемата закана по стабилноста и безбедноста во изминатите две децении. Нашата одговорност е да сториме сѐ што можемме за да се сочува она што е постигнато со мир и дијалог. Не можеме да дозволиме никакво враќање на насилството и поделбите од минатото“, изјави британскиот премиер Џонсон по повод именувањето на својот претставник за западен Балкан.
Во однос на српско-албанските односи, Пич ќе има задачи да го поддржи дијалогот меѓу Белград и Приштина кој се води спо посредство на Европската унија од којашто пак истапи Велика Британија.