Грчката Цивилна заштита издаде предупредување денеска за висока опасност од пожари во неколку реони во државата, јави Радио Атина.
Најголем ризик од појава на пожари имаат реоните Атика и островите во Егејското Море.
Во меѓувреме, три шумски пожари се активни од вчера во Грција – во реонот на Мани, најјужна точка на Пелопонез, на островот Кефалонија и во Алмирос во близина на Волос. Пожарите не се закана за населени реони.