Високи 78,1 проценти од граѓаните сметаат дека СДСМ не се „Најдоброто за нивната општина“

„Најдоброто за мојата општина“ е слоганот на СДСМ за локалните избори, но граѓаните не го делат истото мислење.

Високи 78,1 процент сметаат дека СДСМ и нивната коалиција не се најдобри, додека позитивно се изјасниле 10,7 проценти од анкетирани на анкетата спроведена од Институтот „АКСИОС“.

59,3 проценти од анкетираните се согласиле дека треба да се создаде нова иднина, односно гласале за ВМРО-ДПМНЕ.