Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19, 17 лица починати, а преку Мој термин се регистрирани уште четири лица, информира Министерството за здравство.
Регистрираните 399 новозаболени се откриени по направени 3.337 тестирања, а според градови во Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по двајца, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по еден.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59, 65, 68, 70, 72, 80, 83 и 86), четири починати лица од Куманово (64, 69, 71 и 79) и по едно починато лице од Охрид (93), Радовиш (72), Струмица (87), Битола (90) и Гостивар (63).
Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.
Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 84.099, активни 5.265, Куманово 11.555, активни 953, Тетово 10.843, активни 835, Прилеп 9.089, активни 276, Гостивар 7.962, активни 410, Битола 7.126, активни 240, Велес 6.290, активни 315, Охрид 5.986, активни 343, Кавадарци 5.971, активни 207, Штип 5.770, активни 215, Струмица 5.757, активни 231, Кичево 3.990, активни 356, Струга 3.796, активни 117, Кочани 3.306, активни 162, Гевгелија 2.429, активни 81, Неготино 2.321, активни 35, Свети Николе 1.913, активни 97, Ресен 1.542, активни 71, Радовиш 1.531, активни 78, Крива Паланка 1.451, активни 98, Дебар 1.450, активни 65, Берово 1.210, активни 16, Делчево 1.124, активни 62, Виница 1.039, активни 44, Пробиштип 923, активни 34, Валандово 824, активни 20, Кратово 583, активни 58, Богданци 555, активни 21, Крушево 529, активни 21, Македонски Брод 473, активни 29, Демир Хисар 446, активни 29, Демир Капија 411, активни 4, Пехчево 314, активни 4, Македонска Каменица 304, активни 23 и Дојран 140, активни 1.