Високи затворски казни за педофилскиот случај во германски Минстер

Во процесот за осудените во педофилската верига која потекнала од германскиот град Минстер, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, во вторникот се израчени виосоки затворски казни, известуваат медиумите.

Првообвинетиот Адријан В. е осуден на 14 години затвор, а поради тежината на делата можно е да биде задржан во затворот и по истекувањето на досудената казна.

На овој 28-годишен ИТ-техничар му се докажани најмалку 29 случаи на силување и најтешко сексуално злоставвуае на деца во една градинарска колиба на северот од западногерманскиот град Минстер. Тоје и претходно бил обвинуван поради поседување на детска пронографија.

На затворески казни во траење од 10 до 12 години се осудени и тројца мажи од цела Гермнаија. За соучесништво на три години затвор е осудена и 46-годишната мајка на првообвинетиот Адријан В.

Во средиштето на процесот беше серијата филмови снимени во текот на неколку дена на коишто се забележани бројни силувања на две момченца кои делумно се под опојни средства. Една од жртвите е и денес 11-годишниот посвоен син на првообвинетиот.

Претседателот на судскиот совет Матијас Филер високите казни ги објасни со бруталноста на делата и рече дека „општеството мора да биде трајно заштитено од сторителите“.

„Она што го слушнавме во текот на процесот ги преминува границите на сѐ што овој суд кога и да е го доживеал“, изјави претседателот на судскиот совет Филер.

Ова е еден од трите големи педофилски случаи во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија кои се откриени последните години во градовит Минстер, Бершки Гладбах и Лугде. Вкупно се октриени 50 осомничени, од кои во моментов 30 ги чекаат судењата во истражен затвор.