Безнедносните служби на Шри Ланка го задржаа високото ниво на приправност во вторникот по велигденските самоубиствени напади, соопштија властите по разузнавачките предупредувања за можни исламистички напади пред почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.
Шефот на полициската специјална единица во писмо до парламентарците рекол дека нападот е неминовен, и тоа во недела или понеделник, како и дека ќе го спроведат милитанти облечени во воени униформи. Нападот не се случил ниту во неделата, ниту во понеделникот, но приправноста на безбедносните служби и натаму е на високо ниво во Шри Ланка.
Десетици исламисти се уапсен од 21-ви април по серијата бомбашки напади врз трите цркви и трите лускузни хотела во кои беа убиени најмалку 253 луѓе, од кои 42 странски државјани. Меѓутоа, владата ја укина забраната за комуникација преку социјалните мрежи како Facebook, WhatsApp и Viber, истканал за Reuters извор близок на претседателот на земјата. Забраната беше воведена веднаш по нападите, за да се спречи ширење дезинформации.
„Безбедноста ќе остане на високо ниво уште неколку дена, бидејќи полицијата и војската и натаму следат осомничени“, рекол во вторникот неименуван висок полициски функционер.
Уште еден извор од владата за Reuters рекол дека меѓу клучните безбедносни институции циркулира документ кој ги предупредува сите безбедносни сили во регионот на Индискиот Океан на пожен напад пред Рамазан. Светиот муслимански месец на Шри Ланка започнува на 6-ти мај. Владата превентивно на жените им забрани носење никаб, односно превезот со кој муслиманските жени ги прекриваат лицата.
Властите на Шри Ланка веруваат дека нападите ќе ги изведат припадници на помалку познати групации, како што се National Thawheedh Jamaath (NTJ) и Jammiyathul Milathu Ibrahim, иако џихадистичката Исламска држава ја презема одговорноста за велигденските напади. Се верува дека организатор на нападите бил основачот на NTJ, Захран Хашим.
Во Индија полицијата уапси 29-годишник во јужната сојузна држава Керала, на брегот близу Шри Ланка, бидејќи таму планирал напади. Се верува дека мажот бил под влијание на говорот на Хашим, објави во соопштение тамошната Национална истражувачка агенција.
Шри Ланка има 22 милиони жители, мнозинството од будистичка вероисповед,а присутни се и малцинските групи на христијаните, муслиманите и хиндусите.