ВИДЕО: Вистината за Теарце

Теарце

Управниот суд ја уважи тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието.

Според одлуката, гласањето на гласачко место бр. 2011, општина Теарце за изборна единица број 6, се поништува и треба да има повторно гласање.

Одлуката која што Управниот суд ја донесе со која се укинува решението на ДИК со кое се одбија приговорите на СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, е апсолутно несоодветна со реалната и вистинита ситуација, но и со досегашната судска пракса.

На ова избирачко место гласаат вкупно 714 гласачи, а на изборите на 11-ти декември излегле 56.58% од гласачите или 404 гласачи. Според ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за изборен инженеринг, односно, СДСМ има точно таргетирана група на гласачи со кои ќе се обиде на прегласувањето да ја украде изборната волја на граѓаните со прегласувањето.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ИЕ 6 е 307 гласа, кои значаат еден мандат.

Вистината, пак, за тоа што се случило во Теарце на избирачкото место 2011, ја кажаа членовите на избирачкиот одбор на избирачкото место, при што целата Македонска јавност можеше да сведочи за обидот за лажење од страна на претставничката на СДСМ во избирачкиот одбор Христина Трипуновска.

Сите до еден објаснија дека на избирачкото место немало проблеми, ниту пропусти, додека за спорното „ливче со кочанот“ објаснија дека било грешка.

Во своето образложени, Управнот суд денеска соопшти дека  напуштањето на седницата од страна на еден член на комисијата за време на гласањето, а кој присуствувал цело време на расправата по приговорот, не може да се смета како воздржан глас. Ова упатува на заклучок дека оспореното решение, е донесено во постапка и на начин кој е спротивен на член 10 став 2 точка 34 (б) и точка (в) од Законот за измени и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.196/2015), во кој е утврдена постапката и на начинот на кој Државната изборна комисија донесува одлуки. Според судот, изјаснување со „воздржан“ ќе се смета како изјаснување „против“ само доколку лично е искажано на седница на Комисијата, се посочува во образложението.

Членот на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи во саботата непосредно пред гласањето сам се иззеде од одлучување, иако како што рече имал став по овој приговор.

Јас доаѓам со предлог на политичка партија ДУИ и за да не влијаам во решавање, јас немам друго право треба да бидам за или против. Имам став, али тој став за овој приговор ќе го оставам на вас, а јас ќе се иземам од гласањето, рече Јакупи.