ФОТО: Во кого вистински е вљубен Џејмс Бонд?

Агентот 007 постојано е опкружен со преубави девојки, а многумина се прашуваат во кого тој вистински е вљубен? Сопругата на Даниел Крејг, кој ја толкува улогата на најпознатиот таен агент на светот, несакаше својот сопруг да го пушти од рацете и тоа буквално.

Британската актерка Рејчел Вајс не се одвојувала од својот Џејмс Бонд, а секој слободен миг двојката го користела за размена на нежности.

bond-vajs-3

Крејг (47) во еден миг, во стилот на големиот заводник чија улога ја толкува, пред сите страсно ја бакна својата две години помлада избраничка.

 

Двојката е во врска од снимањето на филмот „Куќа од соништата“, а се венчаа во јуни 2011-тата година.

Крејг веќе има ќерка од една претходна романса, а неговата сопруга има син од врската со режисерот Дарен
Аронофски.