Поранешниот главен преговарач на Европската унија за истеапувањето од членството на Обединетото Кралство, Мишел Барние, изјави дека дури сега почнуваат да се чувствуваат вистинските последици од брегзите по референдумот од јуни 2016 година.
Наведувајќи ги промените коишто брегзитот ги донесе од 1-ви јануари годинава, кога по истекот на преодниот период истапувањето на Лондон дефинитивно истапи од ЕУ, Барние рече дека трговскиот бариери, ограничувањата на движењата за граѓаните и работните визи се неизбежни.
„Стварните последици од референдумот допрва сега почнува да допира до многу луѓе. Стварноста, којашто може да се видат, е тоа дека брегзит значи враќањето на трговските бариери кои не постојаа пред 47 години“, рекол Барние во средата на состанок во Швајцарија преку видео-врски од Париз.
Извозот на храна и пијалаци од Британија во ЕУ се намалил во јануари за 75,5 отсто, објави британската Федерација за храна и пијалаци, припишувајќи голем дел на новите царински прописи, а се очекува дека тоа со време да се подобри.
Барние, исто така, дека британските и европските граѓани повеќе немаат право на слободно движење на британската односно на територијата на ЕУ, наведувајќи ги како пример музичарите кои мора да добијат работни дозволи.
Додал и дека бргзитот „претставуваат урок и за Европската унија, која мора да им покаже на своите граѓани дека Унијата ги користи сите и дека не е дистанцирана и индиферентна бирократија, како што често прикажувана“ од поброниците на брегзитот.
Барние ги бранел своите резутлати во преговорите за Договорот за раздружувањето на ЕУ и Обединетото Кралство кој е потпишан во јануари 2020 година, како и Договорот за трговија кој е склучен на 24-ти декември минатата година, иако самиот се прашува дали тој и главниот британски преговарач Дејвид Фрост навстина се разбрале.
„Успеавме да постигнеме договор (за трговијата), иако сѐ уште не сум сигурен дека добро се разбравме целото време“, рекол Барниер, припишувајќи го тоа на „одредениот став за Европа и поделбата на националниот суверенитетот“.
Фрост, инаки, беше сметан за архитект на британската стратегија за „тврд брегзит“ со трговски договор за ограничен обем. Барние, француски конзервативец, поранешен министер и европски комесар, се зазема за подлабока интеграција на земјите во Европската унија.