Витка и младолика и во четвртата деценија од животот – која е нејзината тајна?

И покрај фактот дека има четири деца, убавата манекенка успева да одржи идеална линија, а за тоа е одговорна нејзината здрава исхрана.

Во морето различни режими на исхрана, Хајди Клум пронашла совршено избалансирано мени, кое се заснова на здрави продукти и умереност во храната. И покрај фактот дека има четири деца, убавата манекенка успева да одржи идеална линија, а за тоа е одговорна нејзината здрава исхрана.

Како што открива Хајди, свежото овошје и зеленчук се главните производи што најчесто се наоѓаат на нејзиното мени. Секое утро Хајди го отпочнува денот со смути од ананас, бобинки, јаболки и банани, а понекогаш наместо ова овошје се определува за свеж прокељ и ленено семе, што е одличен извор на здрави маснотии.

Getting ready for Valentine’s Day @heidiklumintimates ❤️

A photo posted by Heidi Klum (@heidiklum) on

По ова, во текот на денот Хајди подготвува ручек, кој што во зависност од денот, најчесто опфаќа динстан зеленчук, резанец, салата со пилешко месо или со туна, свеж прокељ, овошје и супи, особено пилешка супа.

Нејзината диета не подразбира внесување на јаглен хидрати, како што е лебот и тестенините, односно било какви рафинирани и индустриски произведени облици на јаглен хидрати. Сепак, тие не се во целост исклучени, така што во нејзината исхрана е дозволено внесување на компир и банани.

@heidiklumintimates

A photo posted by Heidi Klum (@heidiklum) on

Во оние ситуации кога треба да внимава на линијата, Хајди неколку пати неделно оди во долги прошетки и се држи колку е можно подалеку од лебот, тестенините и оризот. Иако нејзиниот вид на живот се заснова на вежбање и на здрава исхрана, Хајди самата открива дека нејзиниот здрав план на исхрана понекогаш знае да го измами со брза храна, како што е чоколадата, пиците или хамбургерите. Сепак тоа се мошне ретки ситуации и Хајди со својот фантастичен изглед во 43-тата година докажа дека умереноста е клуч за изградба на добро и здраво тело.