ВИДЕО: Почина Боби Кристина Браун, ќерката на Витни Хјустон

Витни Хјустон ќерка Боби Кристина Браун почина кома

Почина Боби Кристина Браун, ќерката на Витни Хјустон, откако речиси половина година беше во т.н. вештачка кома, објави американската новинска агенција „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Дваесет и двегодишната Боби Кристина беше единствената ќерка на Витни Хјустон.

Таа била хоспитализирана на 31 јануари, годинава, откако била најдена во бессознание во нејзиниот дом. Нејзиното тело било во када, а главата и била потопена во водата. Полициските власти случајот го завеле како „давење“.

Откако била промена во болница лекарите ја ставиле во вештачка кома и на апарати за дишење.

Според Кристен Фостер, претставник на семејството, Боби Кристина Браун, починала додека околу неа биле најблиските од семејството.

vitni-hjuston-bobi-kristina
Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун почина на 22-годишна возраст

– Таа најпосле најде спокој во рацете на бога. Сакаме да им се заблагодариме на сите за големата љубов и поддршка во изминативе неколку месеци, рекла Фостер.

Витни Хјустон почина на четирисет и осумгодишна возраст во февруари 2012 година и тоа под многу слични околности како и нејзината ќерка Боби Кристина Браун, потестува АП.