Виз ер повторно отвори седум рути од Македонија до Франција, Германија, Австрија и Шведска

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави  дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, сe вели во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува С Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.