Авиокомпанијата „Визер“ од средината на јануари привремено ќе ги укине летовите Скопје-Луксембург и Скопје-Болоња, како дел од намалувањето на капацитетот на својата мрежа поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“, објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“.
Се намалува и бројот на неделните летови од Охрид до Виена од првично планираните четири на три.
Покрај двете авиолинии од Скопје, ќе биде укинат и летот Ниш-Дортмунд. Укинувањето на линиите ќе влијае на фреквенцијата на летови на аеродромите во Скопје, Белград, Ниш, Охрид и Приштина.
Прекинот и редуцираната фреквенција на летовите на „Визер“ ќе трае до средината на март, кога се очекува повторно активирање на авиолиниите.
Компанијата „Парт и Витни“ во меѓувреме врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да бидат остратрнеи или испитани.
Во април годинава Владата потпиша договор со унгарски „Виз Ер“ за субвенционирање на авиолинии од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана, како и со германска „Луфтханза“ за авиолинијата Скопје – Франкфурт.