Со 34 гласа за, седум против и 12 воздржани, денеска на Комитетот на ЕП за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, за Косово беше одобрен нацрт-извештајот за визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, издаден од Координативната управа на Србија, потврдено е од кабинетот на пратеникот Матјаж Немец за Kosovo online.
Следниот и последен чекор за визната либерализација за Србите од Косово треба да се случи на последната седница на Европскиот парламент во ова свикување, што почнува на 22 април во Стразбург.
Во неодамнешното интервју за Kosovo online, Немец истакна дека никој од властите во Приштина или Белград не треба да ја користи оваа тема за политички цели.
„Ние првенствено зборуваме за човековите права на важна група луѓе кои можеле и се уште се дискриминирани. Ова е помош за мала група граѓани, бидејќи треба да имаме предвид дека од 1 јануари ниту една друга група на луѓе од Западен Балкан не била дискриминирана поради состојбата со визната либерализација. Исклучок се Србите од Косово, но ние би сакале да избегнеме некој да биде дискриминиран во регионот“, рече Немец.