Вкупно 1.170 граѓани побарале совет на „Ало докторе“

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 4 јули до 10 јули) имало 1.170 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 101.990 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.