Вкупно 270 јавувања на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе!“во изминативе два дена.
На сите граѓани кои се јавија на телефонската им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Најчесто јавувањата се за медицински совет со кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија поради променливите временски услови и проблеми со покачена телесна температура и настинки.
На телефонската линија се јавуваат граѓани од сите градови на Македонија.
Вкупно 22 доктори се достапни за медицински совет 24 часа на телефонската линија 15 123 Ало докторе !
Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи.
Денес од 18 до 22 часот во кол центарот ќе биде дежурна директорката на Здравствен дом Скопје др.Татјана Баевска- Вучковиќ –специјалист педијатар ,а утре на 15.11.2014 година проф. др. Никола Николовски од Клиниката за уво нос и грло.