Повеќе од 3.100 луѓе се затруле со алкохол во Иран, а досега починале 320 од нив, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур.
Алкохолот во Иран е забранет, но во земјата се произведува метил алкохол. Во екот на епидемијата на коронавирусот во земјата се зголеми и бројот на труења со фалсификуван и со метил алкохол, кој се употребува „против“ Ковид-19.
Од сите 3.117 луѓе со алкохолно труење, 1.066 се хоспитализирани.
Во моментов во Иран се регистрирани 44.600 случаи на заразени со коронавирусот. Оздравеле 14.565 луѓе, а 2.898 са починале.