Вкупно 327 Бугари во Македонија гласале на вчерашните бугарски избори

Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената, гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.

Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година. До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.

На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.