
До Државната изборна комисија заклучно до денеска напладне се пријавиле вкупно 4.377 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, како што соопшти ДИК, 1.966 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.411 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.