
Вкупно 2.254 потврди за барање азил се издадени од страна на Министертвото за внатрешни работи на мигранти во изминатите 24 часа.
Од нив 1.558 се мажи, 240 се жени, 374 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1337, Авганистан –478, Ирак-320, додека другите се во помал број.
Издадени вкупно 105.007 потврди за барање азил
Од почетокот на законските измени издадени се потврди за барање азил на вкупно 105.007 странски државјани, од кои, 69.643 се од машки пол, 14.094 се од женски, 17.710 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.560 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-79.017, потоа Авганистан-11.478, Ирак-6.839, Пакистан-2.767 Палестина-1.139, Сомалија-635, Бангладеж-645, Иран-646, Конго-371, Нигерија-222, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-115, додека останатите се во помал број.
Во текот на изминатиот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Поднесени вкупно 50 барања за азил
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.09.2015 година евидентирани се 3 баратели на азил, сите мажи((еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Црвен крст мобилни тимови
27.09/ 17.00 – 28.09 / 17.00
Табановце
Укажана прва помош :231 лицe
Вода :552 шишиња
Пакети со храна: 29 ( дополнително се поделени 200 сендвичи донација од Прокредит банка)
Ќебиња: 57
Бисквити: 29 кутии ( x 100 пакувања)
Пелени: 29
Бебе сет : 12
Хигиенски пакети: 7
Гевгелија
Укажана прва помош: 735 лицa
Вода : 4032 шишиња
Хигиенски пакети: 56
Пакети со храна : 174
ќебиња: 689
Млеко за бебе:7
Бебе сет: 6
Бисквити:600 кутии
Двопек: 684 пакувања