
Состојки
250 гр. остро брашно
1 прашoк за пециво
250 мл. јогурт
½ сок од еден портокал
цела кора од портокал
1 мала лаж. есенција од ванила
100 гр. шеќер
6 гол. лаж масло
75 гр. црно чоколадо
Подготовка
Измешајте ги брашното и прашокот за пециво во еден сад. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќер, јогуртот, маслото, есенцијата од ванила и сок од половина портокал. Се добро измешајте со брашното и додадете ја изренданата кора од портокал и чоколада исечкана на парчиња. Наполнете ги калапите за мафини и печете на 200 степени, 20-25 мин. Кога ќе ги испечете по желба, посипете ги со шеќер во прав.