
Ви се јаде нешто слатко и брзо? Нема да најдете ништо побрзо од овој рецепт кој го претставува Gordon Ramsey. Испробајте го ова тирамису готово за помалку од пола минута!
Потребни состојки:
* 120гр шеќер во прав
* 300гр слатка павлака за шлаг
* екстракт од ванила
* 250гр маскарпоне
* пишкоти
* чаша јако, турско кафе
Начин на подготовка:
Во сад ставете ги шеќерот во прав, додадете ја павлаката за шлаг и се заедно изматете. Во друг сад ставете го маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте. Мешавината од маскарпоне и ванила додадете ја во шлагот и се заедно добро изматете. Пишкотите скршете ги на половина, натопете ги во кафето и ставете ги во чаша. Во чашата додадете од смесата и изрендајте темно чоколадо.