Груевски: Владата да ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

Владата да ги плаќа придонесите за замените на жените што се на породилно. Односно, кога одредена вработена жена ќе има потреба да користи породилно боледување работодавачите би можеле да имаат право на нејзино место да примат друго лице за кое во тој период нема да плаќаат придонеси. За овие законски измени во моментов размислува владата на Република Македонија.

Владата да ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно
Владата да ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

За ова денес говореше премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортска сала при Државниот универзитет во Тетово.

Целта на овие измени би биле да се намали притисокот врз жените кои работат од страна на работодавачите во однос на користењето на породилното отсуство. Работодавачот на ваков начин дури може да оствари одреден профит бидејќи кога вработената жена ќе го користи породилното боледување во тој период не само што не ги плаќа придонесите за неа, тоа го прави државата, туку и за оној кого ќе го вработи на нејзино место ќе биде ослободен од плаќање придонеси се додека вработената не се врати од породилно отсуство, изјави Груевски, пренесе МИА.

Со овие измени ќе се намали притисокот кон вработените жени

Како што посочи премиерот, во моментов се прават квантитативни анализи и нагласи дека доколку ваквите законски измени бидат донесени ќе се намали притисокот на работодавачите кон вработените жени бидејќи, како што рече, тоа е многу важно и за државата, за демографијата, наталитетот…

Премиерот Груевски појасни дека доколку бидат донесени ваквите измени тие фактички би биле седми елемент во проектот „Македонија вработува“ кој веќе се спроведува.

 

Донесен Законот за продолженото породилно на 15 месеци за повеќе деца