Владата бара цените дополнително да бидат намалени

Граѓаните чекаат пониски цени на производите, министрите  уверуваат – ќе има, но  пазарен да излезе и да ги казнува трговците, од инспекторатот со став – ние не сме надлежни.  Цените се формираат на слободниот пазар, а согласно законот, ДПИ проверува дали има отстапување само  во делот на маржите. Во јануари направиле  300 контроли, отстапување од предвидените 5 до 10% кај маржите , не се констатирани. Согласно анализите кои ги направил инспекторатот , од стапување на сила одлуката  за ограничени маржи, односно од 7 ноември, намалување на цената имало кај маслото за јадење – до 46 денари, млекото до 5, јогуртот  14, лебот се продава за денар до 5 поевтино. Поевтинување за 5 денари  имало кај брашното и за 2 кај оризот. За останатите производи Државниот Пазарен Инспекторат не е надлежен да ги проверува маржите. Откако добија двојно пониска цена на струјата , компниите од прехранбената индустрија  требаше да ги поевтинат производите.  Ние им  помогнавме, вели министерот за економија, на ред се тие да го испочитуваат договорот и да ги намалат цените.

Порачувам до компаниите – нашите домашни производители да се насочиме на намалување на цените заради тоа што електричната енергија која се субвенционира е само еден импут во формирањето на нивната ценат. Не можеме да влијаеме на основните прехранбени производи кои директно се увезуваат во нашата држава заради тоа што таму има други политики. За тие што се произведуваат кај нас очекувањата се да продолжи трендот на намалување особено кај тие што се наведени во Одлуката за замрзнување и утврдување на маржите и ние нема да отстапиме од оваа политика, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Од 1 декември 150 производители на основни прехранбени производи добија фиксна цена на струјата од државата. Но наместо поевтинување на производите, дел од нив изјавија дека струјата им е само еден од влезните елементи кој учествува во формирање на цената. А такму цените, наместо очекуваниот пад- секојдневно бележат нагорен тренд.