На предлог на Министерството за транспорт и врски, на денешната седница Владата донесе Одлука за распределба на средства до единиците на локалната самоуправа, во износ од 74.500.000,00 денари.
Предвидено е да се реализираат повеќе капитални проекти. Дел од нив се реконструкција на булеварот Благоја Тоска (Тетово, 29.500.000 денари), изградба на повеќе кружни текови, како кај Момин Поток (Град Скопје – 5.000.000 денари), на булевар Теодосие Паунов (Кочани – 6.000.000 денари).
Исто така, пари се предвидени и за реконструкција на улицата Илинска (Центар Жупа – 4.000.000 денари), како и за изградба на конзоли за пешаци (Штип – 9.000.000 денари), мост во Карпош 4, до улица Скупи (Град Скопје – 4.000.000 денари).
Ќе се обезбедат дотации во износ од 46.170.000 денари и за изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица, општина Тетово – 6.170.000.
Изградба на канализации во Бурови Варим Бојанов Дол (општина Крива Паланка – 6.000.000 денари). Во Фурка (општина Дојран – 5.000.000), во општина Демир Капија – 2.000.000 и во општина Сарај – 10.000.000 денари.