![влада](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/vlada.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Владата денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи редовната 11-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најдат повеќе предлози на законски решенија меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и Предлог на закон за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.
Меѓу другото, на седницата ќе се разгледува и Предлог-програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.