![vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/vlada-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 28.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната 130-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На дневниот ред на денешната седница е предвидено да се најде информацијата, со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“.