Владата на Заев е на стаклени нозе. Министрите од областа на безбедноста и правдата Спасовски и Маричиќ се без НАТО сертификат за безбедност, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Министрите од владата на Заев кои се соочуваат со најмногу сензитивни информации според НАТО не се доверливи личности. Заев да каже дали е точно дека едниот нема сертификат зошто имал контакт со странска служба? А другиот поради случај на корупција? Недозволиво е министер на МВР да нема НАТО сертификат за безбедност. Како може Спасовски и Маричиќ да се не безбедни за НАТО, а да се безбедни за Македонија? Заев со нивно чување на позиција свесно ја поткопува безбедноста на државата, стои во партиското соопштение.
Од партијата додаваат дека цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.
-Во СДСМ буквално нема човек на кој НАТО може да му даде сертификат. СДСМ е анти НАТО партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.