![пари скопје](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/pari-skop-e.jpg?resize=660%2C447&ssl=1)
Владата го разгледа и прифати Предлог-законот за кредит во износ од 90 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка предложен од Министерството за финансии.
Кредитот како што се наведува во соопштението од денешната сеница на Владата, е наменет за финансирање на Проектот за итно справување и спречување на последиците од ковид-19 во земјава.
Оттаму додаваат дека бенефитите ќе ги почувствува целокупното население земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции.