Продолжува континуираниот дијалог помеѓу Владата со бизнис заедницата. 154 домашни компании се опфатени со петтиот циклус на владиниот проект “Учиме од бизнис – заедницата”, кој е фокусиран на унапредување на деловната клима, бизнис опкружувањето и конкурентноста преку директна комуникација и континуиран дијалог на државните институции со приватните компаниите.
Реализација на петтиот циклус од проектот „Учиме од бизнис -заедницата“
За реализацијата на петтиот циклус од овој проект, по добиените иницијативи веќе се формирани тимови од голем број на државни институции, согласно наведените проблематики од страна на компаниите и од страна на истите веќе се реализираат посетите на компаниите каде детално се разгледуваат секој предлог и иницијатива од бизнис заедницата, а кои се произлезени како резултат на нивното работење.
До следната недела се очекува да завршат посетите на пријавените компании и средбите со здруженијата на компании, преку кои исто така беа доставени голем број на групни барања и иницијативи од нивните членки, по што ќе се пристапи кон меѓу ресорско разгледување на секој предлог од компаниите.
Станува збор за фаза од проектот во која сите државни институции кои се засегнати со одредена дадена иницијатива детално ја разгледуваат корисноста на истата и начинот на нејзината имплементација, по што доколку се констатира дека иницијативата е прифатлива се преминува кон дефинирање на конкретни мерки и чекори за реализација на истата. Согласно предвидената динамика за реализација на проектот се очекува оваа фаза на разгледување да заврши во март оваа година, по што предлог мерките и активностите во насока на реализација на прифатливите барања и иницијативи ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија.
Овој проект претставува дел од еден континуиран и системски дијалог Влада-бизнис заедница во којшто се трудиме согласно нашите ингеренции и можности да ги унапредиме условите за функционирање на бизнис секторот во Република Македонија. Во рамките на петтиот циклус се добиени над 150 иницијативи од деловни субјекти од нашата земја, по чиешто добивање веднаш стручни тимови составени од претставници на институциите пристапија кон непосредна теренска посета на деловниот субјект со цел продлабочено согледување на овие иницијативи без разлика дали се работи за идеја или, пак, предлог за унапредување на состојбите или, пак, иницијатива за решавање на определен индивидуален или системски проблем. Тие посети финишираат кон крајот на оваа и почетокот на следната недела, по што веднаш меѓуресорски ќе бидат разгледани сите 150 иницијативи. Имајќи ги предвид позитивните искуства од овој проект во минатото, каде што досегашните четири циклуси од над 700 иницијативи повеќе од половина беа позитивно решени со што се придонесе кон подобрување на состојбите и за индивидуалните субјекти, но и за системскиот пристап на ниво на сектор, на ниво на индустриска гранка. Ние имаме еден сериозен оптимизам дека и во рамките на овој петти циклус ќе се изнајдат позитивни решенија, ќе се подобрат состојбите и на тој начин позитивно ќе се дејствува кон перформансот на деловните субјекти, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Досега во проектот се опфатени 520 компании
Овој владин…