Сега граѓаните знаат што ги очекува кога имаме зголемен број заболени, тоа ќе значи нови рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме досега и затоа апелираме до сите да ги почитуваат мерките кои се уште се на сила, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата објавувајќи дека од среда се укинуваат дел од рестриктивните мерки, вклучително и ограничувањето на движењето.
„Често прашувавме кога ќе се намалат мерките и секогаш одговорот беше во зависност од однесувањето на сите нас, ќе ги моделираме мерките кои ги носиме. Денеска можеме да заклучиме дека се исполнети услови да ги намалиме, а не ги воведовме ние како влада, а ниту комисијата ни ги предложи заради тоа што тие така сакале или ние така сме сакале. Сега граѓаните знаат што ги очекува кога имаме зголемен број на заболени. Тоа ќе значи нови рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме досега и затоа апелираме до сите да ги почитуваат мерките кои се уште се на сила, а тоа е носењето на заштитна опрема, одржувањето на социјална дистанца и однесување по протоколите на Комисијата. Доколку ова се случува ние ќе немаме опасност за зголемување на бројот на заболени и ширењето на вирусот“, рече Спасковски.
Доколку се почитуваат мерките, како што рече Спасовски, немаме опасност дека ќе дојде до ситуација на повторно зголемување на брјката на вирусот. Затоа уште еден апел до граѓаните да ги почитуваме мерките, рече Спасовски.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека од утре целосно престанува важењето на Одлуката за забрана на движењето на територијата на Македонија
Од четврток со работа ќе почнат и угостителските објекти. Ќе можат да ги отворат само терасите, а затворените делови ќе се регулираат во следната фаза.
„Од први јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности“, рече Спасовски додавајќи оваа одлука ќе биде пропратена со соодветен протокол на работа.
Сепак, оваа одлука нема да важи за хронично болните, а отстапка за оваа одлука ќе има и за родителите чии деца се на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст за кои ќе се чека одлуката за почнување на работа на градинките.
„Денеска го усвоивме и прецизниот протокол за постапување при влез на сите лица, македонски државјани во земјата. Согласно овој протокол, задолжителниот државен карантин на државјаните на Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои се заменува со домашна изолација доколку лицата прикажаат негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Македонија, рече Спасовски, посочувајќи дека оние кои што во моментот се сместени во државен карантин на свој трошок можат да направат ПЦР тест објектот во кој се сместени.
Доколку имаат негативен резултат ќе бидат упатени во домашна самоизолација.