Владата на денешната седница го одби барањето на концесионерот „Еуромакс“ да добие дозвола за експлоатација на минерални суровини оти не ги доставиле потребните документи. По законскиот рок за жалба ќе следи едностран раскин на договорот за концесија, информираа од Владата.
Активистите против изградба на рудници од струмичкиот регион остануваат на блокадите кај Иловица.