Владата го поништи огласот за директори и заменици објавен во средата, објавувајќи нов оглас со подолг рок за пополнување на 69 директорски и 25 заменички места.
Новиот оглас има рок за пријавување од 15 дена, додека рокот за пријавување на претходниот оглас изнесуваше три дена.
– Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 15 дена од објавувањето на огласот во дневните весници, а рокот за пријавување на кандидати за директор на Јавниот фонд за здравство изнесува 30 дена – стои во новиот оглас на Владата.