Владата го правда Османи кој откажа присуство на конференција во БиХ поради Косово

Вицепремиреот за европски прашања Бујар Османи нема да присуствува на конференцијата во Босна и Херцеговина за Западен Балкан,поради тоа што Косово не е покането на овој собир.

Османи ја потврди информацијата за тв 24 и вели дека се работи за принцип. Од Владата, пак, велат дека се работи за процена на вицепремиерот.

„Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учестува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот“, велат од Владата на Република Македонија.

Претходно беше објавено дека вицепремиерот Бујар Османи го откажал учеството на нашата земја на конференција посветена на Западен Балкан во Бања Лука, поради Косово. Инаку БиХ не го имаат признаено косово.

Како што информираше Koha, Османи се решил на ваков потег во консултации со Албанија. Порталот јави дека и „двете земји ќе ја бојкотираат оваа важна конференција затоа што не е покането Косово“.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, го информирал својот колега од БиХ, дека нема да присуствува, а според Koha, истото го сторил и Бујар Османи. Тие сметаат дека не може да се разговара за Западен Балкан без учество на делегација на Косово.