Владата доцна синоќа на посебна владина седница го прифати Извештајот за извршените преговори за текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и го прифати усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, информираат во средата од владината служба за односи со јавнсота при што се наведува дека за јавнсота ќе следуваат дополнителни информации.
„Владата донела и одлука со којашто се определува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За ова ќе следуваат конкретни информации за јавноста“, се наведува во соопштението.