Владата на денешната седница одлучила да го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за Пауновски. Инаку премиерот деновиве најави дека Пауновски ќе биде разрешен поради „пркосот“ и одбивањето да вработи 35 рамковни.
Пауновски беше на став дека на Државниот пазарен инспекторат не му требаат административци, туку инспектори и дека нема да стави потпис на решенијата и по цена да биде разрешен.