Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисок данок на додадена вредност (ДДВ) , но листата на производи ја криеше, споменувани беа само „перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла“…
За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.
-Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, објави Сител.
Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.