Владата и Хеленик Петролеум разговараат со цел да се најде спогодбено решение за спорот, се водат паралелно со арбитражниот процес.
Разговори со Владата се воделе и за нафтоводот Солун –Скопје со цел тој да продолжи да работи согласно одредба од Преспанскиот договор- изјавил генералниот менаџер за стратешко планирање на Хеленик Петролеум Џорџ Алексопулос на маргините на конференцијата на економист во Атина што се одржа на 16 и на 17 јули.
Инаку групацијата Хелени Петролеум покрена арбитражна постапка против Владата пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари оштета што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот 2008 – 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек.